Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека успешноста на една сезона не треба да се врзува само со бројот на освоените трофеи.

„Зарем минатата сезона беше лоша за Ливерпул? Беа одлични и освоија 97 бода во Премиер лигата, само бод помалку од Манчестер Сити. Ако успешноста на сезоната се мери само со бројот на трофеи, тогаш е тоа огромен товар за младите фудбалери. Ако на крајот лигата ја освои еден клуб – значи ли тоа дека останатите 19 беа лоши, очајни? Важное што правиш и што пробуваш. Ова го кажував и кога освојувавме трофеи, го кажувам и сега. Сите сакаме да победуваме, ама животот не е секогаш исполнет со триумфи и не е секогаш прост. Ние не можеме постојано да победуваме, не можеме секогаш да бидеме на врвот“.

Манчестер Сити моментално е третопласиран во Премиер лигата, со 14 бода заостаток зад Ливерпул и минимални шанси да го освои првенството.