Пеп Гвардиола и Серхио Агуеро се најдоа среде инцидент за време на натпреварот меѓу Манчестер Сити и Тотехнем.

Нивната расправија траеше околу 40 секунди, што беше доволно камерите да ја забележат, но и да започнат теориите што се случува меѓу тренерот и играчот.

„Агуеро мислеше дека сум му замерил поради голот што претходно го примивме од корнер. Не беше лесно, јас често дивеам покрај аут-линијата, но ретко им се лутам на играчите. И јас играв фудбал, знам како е. Зборував со Агуеро и му објаснив, претходно не се разбравме. Тој е човек кој јас многу го сакам.“ – ја објасни Пеп ситуацијата.