Најдобриот фудбалер на Лил, Николас Пепе ова лето заминува за 80 милиони евра, најави претседателот на клубот, Жерар Лопез.

Лил на масата има пет понуди за фудбалерот, од Наполи, Интер, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Ливерпул, но според пишувањата на медиумите се чини дека најблиску е до трансфер во Наполи.

Конечната одлука, сепак ќе ја донесе 24 годишниот крилен напаѓач и тоа до крајот на идната недела, открива Лопез за француските медиуми.

Наполи веќе на Пепе му понудил плата од 4 милиони евра, што со бонуси би биле пет по сезона