Поразот на Реал Мадрид  од Шахтјор  во Лигата на шампионите го вознемири претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез е подготвен да му врачи отказ на Зидан доколку резултатски потфрли на „Ел Класико“ викендов.

Реал Мадрид е во серија од  три порази во Лигата на шампионите, два запиша во осминафиналето минатата сезона, новата ја отвори с пораз од Шахтјор, ова на „кралевите“ не им се случило од 1981 година, тогаш во Купот на шампионите.

Флорентино Перез не е задоволен од играта на екипата, клучно за Зидан ќе биде дербито во Ла Лига, викендов се игра „Ел Класико“, пораз може да значи отказ за Французинот.