Хамес Родригез може да го напушти Реал Мадрид но не смее да го засили градскиот ривал Атлетико. Оваа одлука ја донел Флорентино Перез, претседателот на „Кралевите“ во однос на најавениот транфер на Колумбиецот во екипата на Диего Симеоне.

Перез не сакал дополнително да дозволи Атлетико Мадрид да се засили особено по срамниот пораз од 7:3 на контролниот натпревар кој предизвика бунт во меѓу навивачите на најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите.

Ова значи дека фаворит за потписот на Хамес сега е Наполи. Понудата е за двегодишна позајмица со откупна клаузула но сеуште транферот е далеку од реализација.