Како што пишува „GazzettadelloSport“ Интер и Баерн Минхен постигнале договор за Иван Перишиќ кој се сели во Германија како позајмен играч.

Двата клуба се договориле, се чека на Перишиќ кој сака во Германија  бидејќи ќе соработува со сонародникот Нико Ковач.

Баерн за Перишиќ на Интер во првата сезона ќе му исплати 5 милиони евра, следната година уште 20 милиони. Перишиќ дојде во Интер од Волфсбург пред четири години, клубот од Милано за него плати 19 милиони евра.

Хрватот не отпатува со Интер на гостувањето кај Валенсија.