Крилото на Минхенски Баерн Иван Перишиќ, по крајот на сезоната ќе се обиде да го убеди раководстово на германците да го откупат неговиот договор од Интер и да остане на „Алијанз Арената.“

„Често бев потценет, но јас ги знам моите квалитети. На мала врата доаѓав во клубовите, а на голема излегував. Се ќе направам да останам во Баерн Минхен-рече хрватот.

Перишиќ се осврна и на периодот од пред две години кога требаше да го облече дресот на англискиот гигант Манчестер Јунајтед.

„Бев привилигиран кога Мурињо ме повика да одам во Јунајтед. Сон ми било од секогаш да настапам во сите највалитетни екипи, но трансферот пропадна и бев многу разочаран. Пред извесно време ги дознав причините зошто не заминав на „Олд Трафорд“, но не сакам да навлегувам во детали“