За три дена, македонските репрезентативци ќе го одиграат премиерниот меч на големите фудбалски настани, односно на Европското првенство.

Во Букурешт играме против Австрија, а потоа и против Украина, по што се селиме во Амстердам каде гостуваме на Холандија. Инаку, ова за фудбалерите е прв настапна големите европски натпреварувања, а тоа веќе го имаат почувствувано македонските одбојкари, ракометари и кошаркари.

Поддршка за македонските фудбалери од сегашниот претседател на кошаркарската федерација на Македонија, а капитен на тимот кој стигна до четвртата позиција на Европското првенство во Литванија.

Првиот човек на македонската кошарка, Перо Антиќ беше гостин на ФФМ и таа прилика ја искористи за да испрати директна и јасна порака до четата на Игор Ангеловки:

„Македонските фудбалери заслужуваат се најдобро. Секоја поддршка им е потребна. Можам само да им кажам – момци глава горе, не читајте ништо и само уживајте на теренот“ -истакна Перо кој многу добро знае што значи да се играат важни натпревари на најголемата спортска сцена.