Фудбалската репрезентација на Перу е последниот полуфиналист во рамките на Копа Америка, откако по подоброто изведување на ударите од белата точка со 5-4 го елиминира Уругвај.

Најдобриот фудбалер на Уругвај Луис Суарез, не беше успешен при изведувањето на пеналите и стана вистински трагичар во полуфиналето на кое немаше голови по 120 минути игра каде мечот заврши 0-0.

Перу во полуфиналето ќе се сретнат со селекцијата на Чиле. Во текот на играта, Уругвај двапати ја тресеше мрежата на противникот, но головите не беа признаени поради офсајд и прегледување на снимката.

Во второто полуфинале на Копа Америка да подсетиме ќе се сретнат Бразил и Аргентина.