Како што јавува Џанлука ди Марцио вчера е одржан состанок меѓу Интер и Рома по кој разликата за потписот на Един Џеко изнесува 5 милиони евра.

Интер нуди 15 милиони, Рома бара 20 за да го ослободи 33. годишниот Џеко и да му дозволи да прејде во тимот од Милано.

Паоло Фонсека, тренерот на Рома, е воодушевен од  играта на Џеко на подготовките, сака да го задржи, особено што „волчицата“ не успеа да го донесе  Гонзало Игуаин, па напаѓачаот од БИХ е единствена опција за тимот од Рим.

Интер од друга страна сеуште е без решение во нападот, Икарди не сака да замине, Лукаку сеуште е  опција но 80 милиони евра е откупната клаузула која му создава проблеми на клубот од Милано.