Лондонски Челси одлучи повторно да го ангажира Петар Чех кој неодамна стави крај на професионалната кариера како активен голман.

Чех е нов технички советник  но и советник за перформанси. Ова е титулата под која Чех ќе работи во екипата на Челси заедно со директорот на клубот, Марина Грановскаја.

„Ова е привилегија за мене. Ќе се обидам да помогнам околу креирањето на висок квалитет во тимот  кој има конкинуитет на добри резултати повеќе од 15 години.“– изјави Чех.

Наскоро се очекува на кормилото на Челси да биде назначен и Франк Лампард кој би требало да го наследи Маурицио Сари кој неодамна потпиша со Јувентус.