Поранешниот репрезентативец на Франција и фудбалер на Барселона, Емануел Пети, ги коментираше гласините за трансферот на Меси во Манчестер Сити.

„Меси не е Роналдо, тој физички не е таква машина. Роналдо е монструм, а Меси има 32 години и има уште најмногу 1 или 2 сезони да игра на високо ниво. Постепено тој ќе ја загуби брзината и дриблингот. И Меси го знае тоа.

Не верувам дека на Меси му одговара Премиер лигата. Тој не сака кога со него се борат, кога се залепени за него. Во Шпанија тој е заштитен. Не ми е јасно зошто Манчестер Сити би го зел на 33 години. Ако навистина го сакаа, требаше да го ангажираат пред некоја година.

Меси освои многу трофеи, но тој го достигна својот пик и сега патот може да води само надоле“, изјави Пети за „Paddy Power.“

Меси веројатно е свесен за сето тоа и инсистира да ги продолжува своите договори со Барселона година за година, со право да прекине во било кој момент.