По комплетирањето на вториот круг со денешните натпревари во ПМФЛ познат е распоредот до крајот на оваа сезона во елитата на Македонија.

Според бергеровиот систем, напревено е планираното вкрстување по што познати се двојките за преостанатите кола.

Во следното 23 коло, Шкендија е домаќин на Пелистер, Шкупи на Вардар, Македонија ЃП го дочекува Силекс, Ренова гостува кај Струга, Академија Пандев кај Работнички а Борец е домаќин на Беласица.