Барселона и Реал Мадрид утре од 16:15 на Камп Ноу го играат големото Ел Класико дерби во рамки 10-тото коло на Ла Лига.

Реал во моментов е втор со 17 бодови, два повеќе од Барселона, која конечно врза две подеби во серија и со евентуална победа утре ќе го прескокне Реал Мадрид.

„Нема ова да биде натпревар што ќе одлучи многу за првенството, но победа би ни донела многу самодоверба. Не размислуваме многу за нив, фокусирани сме само на себе. Досега не игравме нешто поебно, моравме да бидеме подобри против Динамо во Лигата на шампионите. Едноставно мораме да бидеме поефикасни“– вели Пике пред Ел Класико.

Тој го спомена и Карим Бензема, од кого доаѓа најголемата опасност до Реал Мадрид.

„Се препороди со заминувањето на Роналдо. Тој остави дупка зад себе, а нејзе одлично ја пополни Бензема, кој сега е смирен и фокусиран на давање голови. Но тој е повеќе од тоа. Последниве сеозни игра фантастично и за клубот, а во последно време и за репрезентацијата. Но, Реал не е само Бензема и Винисиус. Имаат многу одлични играчи, но и ние имаме свое оружје.“