Жерард Пике јавно проговори за проблемите со кои се соочува Барселона и најави дека Бартомеу наскоро ќе биде сменет, заедно со луѓето кои работат за него.

Пике потсети дека се уште не може да поверува оти клубот платил медиуми за да ги критикуваат одредени играчи. За намалувањето на платите рече дека се е скандалозно, но живее за Барса и затоа прифатил нов договор со 50% посто помала плата.

Дефанзивецот се наврати на летото кога Меси беше пред заминување од Барселона.

„Побарав од Меси да издржи, „Камп Ноу“ заслужува да го довикува неговото име. Меси заслужува се. Секако дека тоа е негова одлука. Немавме многу контакт тие денови, тоа беше негова лична работа. Се сеќавам дека му испратив порака: Ова е само една година, потоа ќе дојдат нови луѓе. Тој е 16 години тука, не смеете да го избгкате. Тој е најдобриот во историјата.“ – вели Пике.