Дефанзивецот на Барселона, Џерар Пике смета дека каталонците тешко ќе ја одбранат титулата, бидејќи не очекува Реал Мадрид да направи кикс до крајот на сезоната.

Барселона синоќа со ремито против Севиља му овзможи на „кралевите“ денеска со победа да се израмнат на лидерската позиција од Ла лига.

„ Сега веќе не зависи само од нашите резултати. Ќе биде тешко да ја одбраниме титулата, ќе направиме се, но свесни сме дека би било изненадување доколку Реал направи кикс до крајот“- изјави Пике.

За разлика од Шпанецот, тренерот Кике Сетијен не се сложува со оваа констатација.

„ Пике тоа го рече во момент на фрустрација. Мислам дека поинаку ќе размислува кога ќе се „олади“. Јас не мислам дека Реал Мадрид ќе ги победи сите до крајот на сезоната“- дециден е Сетијен.