Барселона и Нејмар изминатото лето направија се како би се вратил  Бразилецот на „Камп Ноу“. Сепак трансферот пропадна поради ПСЖ кој бараше огромни 300 милиони евра кои каталонците не можеја да си ги дозволат.

Дел од играчите сакале да помогнат со намалување на нивните плати, а тоа го потврди Жерард Пике.

Голем дел од играчите му предложивме на претседателот Бартомеу да ни се намалт платите како би се собрале пари за трансферот на Нејмар. Знаевме дека прави се за да успее да го доведи, но парите беа проблем, а тука беше и финансискиот фер-плеј“-изјави Пике.

Ваквата идеја Бартомеу ја одби, а Барселона се откажа од намерата да го врати Бразилецот во своите редови.