Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, ја коментираше кризата во Барселона и конфликтот меѓу Меси и директорот Абидал.

„Сметам дека сега не е време да се вади прљавиот веш, тоа го има во секоја екипа. Можам само да кажам дека односите внатре во екипата се одлични и сите добро реагираме на целата криза. Што се однесува на кавгата меѓу Абидал и Меси, секој од нив знае каде постапи добро, а каде не. Потребно е да се работи, а не да се врла се во лице, сега на крајот на сезоната. Тоа нема да ни помогне. Сите треба да се сконцентрираме на нашата работа и да им се вратиме на победите“. рече Пике.

Пред извесно време и самиот Пике влезе во расправија со Меси.