Милан утре му гостува на Јувентус, реванш полуфинален натпревар од Купот на Италија, првата средба во Милано заврши без победник, 1-1.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли смета дека двете екипи имаат подеднакви шанси за пласман во финалето и покрај малата предност на Јувентус по првата средба.

„Важно е дека повторно ќе играме, секако моите играчи не се 100% подготвени како порано, н осметам дека шансите за пласман во финалето се 50-50“ – изјави Пиоли.

Реваншот се игра утре од 21 часот во Торино без присуство на публика.