Милан покажа ментална моќ и фудбалски квалитети во победата против Торино од 7:0, Хернанрез постигна два, Анте Ребиќ хет-трик а Диаз и Кеси по седен гол.

Пиоли по победата беше пресреќен од пристапот но и од ефикасноста на неговите фудбалери и најави дека ова е само потврда за квалитетот со кој располага во Милан.

„Мораме да стигнеме до уште една побеад. До пред две недели бевме пред амбисот, сега работите се многу поразлични и се зависи од нас. Побарав од моите играчи да бидат посветени, а тие покажаа дека се разбираме добро.“ – изјави Пиоли.

Предводникот на Милан, потврди дека посакува но и очекува да го има на располагање Ибрахимовиќ за пресметката со Аталанта во последното коло од Серија А.