Милан славеше на гостувањето кај Рома со 2:1 во 24 коло од Серија А и се зацврсти на второто место на табелата, со четири бода помалку од лидерот Интер.

Стефано Пиоли по поразите од Специа и Интер, очекуваше и дочека триумф, кој за „росонерите“ беше 16 во оваа сезона.

„Им кажав на играчите дека по двата лоши натпревари не смееме да престанеме да веруваме во себе. Ова беа одлични перформанси против силен тим како што е Рома. Да не заборавиме дека ние сме најмладиот состав во Серија А. И свесни сме за тоа. Имаме и наивни фудбалери но и 17 бодови повеќе по овој број на одиграни натпревари во Серија А во однос на лани.“ – изјави Пиоли.