Милан утре се среќава со Верона во Милано, на „Сан Сиро“ домашните се фаворити, но двајца играчи се позитивни на ковид.

Откако се потврди дека Тео Хернандез е позитивен на ковид, денес Милан официјално објави дека и Брахим Диаз е позитивен на коронавирус.

Стефано Пиоли нема чиста ситуација во тимот, двајца позитивни и се во изолација.

Златан Ибрахимовиќ се враќа во тимот, но средбата со Верона ќе ја започне од клупата за резерви.