Стефано Пиоли по драматичниот меч со Интер и поразот од градскиот ривал во Куп натпреварот со 2-1, оцени дека клучниот момент на мечот е црвениот картон на Златан Ибрахимовиќ.

„Жалам што сме елиминирани, клучно во поразот е црвениот картон на Златан, тој е искусен играч, мораше да го избегне тој дуел и вториот жолт картон. Треба да го заборавиме овој натпревар и да продолжиме понатаму. Сега сум уште поубеден дека сме силен тим, имам поголема самодоверба, од денес мислиме на следниот меч“ – изјави Пиоли.