Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изјави дека планира да остане во Милано, и дека не брза во потрага по нова работа.

Тоа пред се се однесува на преземање на селекторската функција на италијанската репрезентација.

Неговиот актуелен договор истекува на крајот од сезоната, а наводно во тек се преговори кои би го задржале на „Сан Сиро“ до 2024 година.

„Милан е голем клуб и се надевам дека ќе останам што е можно подолго. Имав позитивно чувство од самиот почеток. Создадовме одлична средина. Тоа е основно“, рече тој.

Го прашаа и за Италија.

„Би било убаво во иднина, но засега сакам секој ден да тренирам во Милано“, заклучи тој.