Екипата на Милан вчера не успеа да слави против Каљари на домашен терен и сами си го искомплицираа пласманот во Лигата на шампионите следната сезона.

Сега „росонерите“ мора да победат последно коло против Аталанта, што за нив ќе биде пеколно тешка задача, знаејки дека Милан последните три сезони незнае за победа против тимот од Бергамо.

 

Ни недостигаше поголем избор во тимот, ни недостасуваше квалитет и ритам против Каљари. Овој натпревар излезе дека е доста деликатен за нас. Дома заминавме со разочарување и тага, бидејки сакавме да оствариме триумф, но сега се е на нас во финалето. Нашат ацел беше јасна – ЛШ, но сега тоа мора да го одработиме последното коло“.

„Го имаме и понатаму моралот, па се надевам дека добро ќе влеземе на последниот меч, ја имаме амбицијата добро да ја завршиме сезоната. За да одиме во ЛШ, мора и да докажеме последното коло дека сме дораснати за тоа натпреварување“, порача Пиоли.