Предводени од Пиоли и мотивирани од Златан Ибрахимовиќ, фудбалерите на Милан посакуваат побрзо да го заборават поразот од Аталанта во Серија А.

Тоа најлесно може да се реализира ако слават во дербито со Интер во четвртфиналето до Купот на Италија.

Пиоли има проблеми со неколкумина играчи кои се повредени но верува во квалитетот на неговите избраници.

„Купот на Италија е поразлично натпреварување, без разлика дали ќе се игра 90 или120 минути, ова е само еден натпревар. Во лигата е различна приказната, ова дерби е важно. Мора да бидеме на најдоброто ниво. Ќе играме против опасен противник, посакуваме да се вратиме во добра форма и да победуиме. Бенасер нема да игра, Чалханоглу исто така не е подготвен, имаме проблеми и со Манџукиќ, Тонали и Калулу.“ – изјави Пиоли.