Последните резултати на Милан во калчото не се задоволителни, клубот размислува за смена на Стефано Пиоли.

Милан има договор со Пиоли до 2021 година но се чини дека ќе дојде до негова смена, Паоло Младини лобира за Украинецот Андриј Шевченко кој во моментов е селектор на Украина.

Малдини и Шевченко се добри пријатели, соиграчи од златните времиња на Милан, сега се во друга улога но и натаму  одлично соработуваат.

Пиоли е на излезна врата кај Милан, нема резултати кои се стабилни, како што пишува „Calciomercato.com“ извесна е нивата разделба, прашање дали во текот на оваа сезона или по завршувањето во летниот преоден рок.

Шевченко за Милан има одиграно над 220 средби, постигна127 голови.

Малдини кој е дел од раководството на Милан, притиска за Шевченко, тој е под договор со Украина, но и често е гостин на Милан, преговорите се во тек, двете легенди можеби повторно ќе се обединат за доброто на клубот, сега во друга улога.