Стратегот на Милан, Стефано Пиоли очекувано беше презадоволен од неговите играчи по победата над Јувентус од 3:0 во дербито на колото во Серија А.

„Не верувам дека постои нешто како перфектни перформанси, но ние бевме многу блиску до тоа вечерва. Игравме како созреан, кокусиран и мотивиран тим, победивме во многу тежок но и важен натпревар. Милан никогаш не победил на овој стадион, па тоа носи голема сатисфакција за сите. Градиме тим со победнички менталитет и ќе се бориме за играчи кои ќе не задржат на највисоко ниво. Секоја година е можност за чекор напред.“ – вели Пиоли.

Тој посочи дека Милан ќе се обиде да го задржи Фикао Томори од Челси, односно дека ќе се обидат да го откупат договорот на дефанзивецот кој вчера му даде гол на Јувентус.