Милан го претрпе седмиот овосезонски пораз, втор во низа во Серија А откако вчеравечер загуби кај Лацио со 3:0 и со ова назадуваше на петото место на табелата.

Со ова си ја искомпликува ситуацијата по однос на амбициите за паласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

„Игравме подобро во првото полувреме и имавме добри шанси. Очекував многу повеќе од мојот тим, затоа што имаме квалитет да играме пособро, но по вториот гол работите се искомпликуваа за нас. Ние сме силен тим и мора да реагираме брзо, затоа што овој пораз е многу болен. Не се плашиме, знаеме да бидеме паметни и треба да го покажеме нашиот карактер. Верувам во сите, се надевам и дека Ибрахимовиќ наскоро ќе ни се приклучи.“ – изјави Пиоли, тренерот на Милан.

Во следното коло на 1 мај, Милан го дочекува Беневенто.

Standings provided by SofaScore LiveScore