Тренерот на Милан, Стефано Пиоли презадоволен од победата на својот тим против Атлетико Мадрид, победа со која си ги вратија шансите за пласман во елиминациите од Лигата на шампионите.

Пиоли фалејќи го својот тим истакна дека играчите покажале зрелост и квалитет против шпанскиот шампион.

„Играчите имаат право да слават бидејќи одигравме одличен натпревар. Игравме со храброст и квалитет и до последен момент верувавме во себе. Мислам дека сме на вистинскиот пат и покажавме зрелост и квалитет“, изјави Пиоли.

Милан сега во последното коло треба да слави против Ливерпул и да чека реми на мечот меѓу мадридскиот тим и Порто.