Атлетико Мадрид се подготвува за гостувањето на Милан во рамки од второто коло од Лигата на шампионите.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, не мисли дека противникот се наоѓа во негативен момент, поради последниот пораз во Примера од Алавес.

„Ние сме млади и постојано сакаме да напредуваме. Каде што не можеме со искуство, дополнуваме со желба и нови идеи.”

Не сметам дека Атлетико доаѓа во лоша форма. До саботата беше непоразен. Се работи за ривал со одлични фудбалери, тренер и големо искуство во Европа. Мора да бидеме на високо во текот на сите 90 минути, ако сакаме позитивен резултат“- изјави предводникот на калчолигашот.

Милан загуби од Ливерпул, а Атлетико Мадрид ремизира со Порто на отворањето на групната фаза во елитното клупско натпреварување.