Порто успеа да слави против Милан на домашен терен во третото коло од Лигата на шампионите. Тренерот на Росонерите призна дека домашниот тим бил подобар.

„Нашата игра не беше на ниво. Не почнавме, ниту завршивме добро. Не ја држевме топката и не направивме доволно шанси. Порто беше подобар од нас. Беа остри, прецизни, имаа поголем интензитет од нас“– признава Пиоли.

Милан се наоѓа во иста ситуација како Аталанта лани, имаат три порази на стартот. Но, Аталанта лани успеа сепак да стигне до второто место и да се пласира во елиминациите. И тоа баш заедно со Ливерпул.

„Мораме да веруваме. Полесно е да се каже отколку да се направи, но другите два тима пред нас имаат четири бода. За жал, ова беше натпревар кој навистина не требаше да го одиграме лошо, но мораме да продолжиме“- додаде Стефано Пиоли.