Легендарниот Филипо „Пипо“ Инзаги денеска е промовиран како нов предводник на тимот на Беневенто, кој се натпреварува во италијанската Серија Б.

Италијанскиот стратег зимава го раскина договорот со Болоња, со што беше слободен ова лето за нов ангажман.

Инзаги својата тренерска кариера ја започна во Милан, од 2016-та до 2018-та ја водеше Венеција, по што застана на кормилото на Болоња.

Беневенто беше на чекор до пласман во Серија А, но на патот им застана Цитадела, но од клубот се надеваат дека со Инзаги на клупата, наскоро повторно ќе бидат дел од италијанската елита