Поранешниот играч за врска на Милан и на Јувентус, Андреа Пирло, ги коментираше состојбите во Милан.

„Денешниот Милан многу се разликува од тој стариот. Малдини и Бобан прават се што можат и се обидуваат да ги потпишат потребните фудбалери, но клубот веќе ги нема финансиските можности какви што имаше порано. Проблемот на Малдини и Бобан е што играле во еден Милан, а сега се обидуваат да раководат со еден сосема друг клуб. Сметам дека тие двајца и тренерот Пиоли прават максимум од тоа што го можат и од тоа што го имаат на располагање. Најправилно решение за Милан во овој момент е да ја повторат тактиката на Јувентус од моето време – точни и прецизни поединечни трансфери“, изјави Пирло за „La Gazzetta dello Sport.“

Пирло заедно со Ибрахимовиќ е единствениот фудбалер во историјата, кој настапувал во трите италјански гиганти Јувентус, Интер и Милан, а најголем траг остави во екипата на „росонерите“.