Јувентус оваа сезона не успеа да ги оправда очекувањата на навивачите, откако беше елиминиран во ЛШ од Порто а во Серија А беше далеку од битката за титулата.

Анализите покажале дека Пирло на 34 натпревари досега во Серија А сезонава ниту еднаш не поставил иста почетна единаесетка.

„Газета Дело Спорт“ во анализата посочува дека Пирло ниту еднаш не посегнал по ист тим и на секој меч имал барем една измена, што е зачудувачки факт.

Во остатокот од анализата се вели дека Пирло исто така премногу често ги менувал позициите на одредени играчи а најголеми промени во однос на поставеноста во формацијата има Данило кој играче како лев бек, десен бек, крилен плеј и дефанзивен плеј.

Во недела Јувентус го дочекува Милан во дербито на 35 коло од Серија А.