Јувентус како никогаш во минативе девет години е далеку од титулата во Калчото. Имаат дури 10 бодови помалку од водечкиот Интер, но и натпревар помалку и дерби токму со лидерот на својот стадион. Дерби кое може да значи битка за титула, но можеби нема да значи ништо.

За Јувентус проблем сезонава излегоа оние дуели со условно кажано малите тимови, така што доколку Пирло сака успех, неговиот тим ќе мора да престане да губи бодови токму со послабите тимови, како што беше на пример во саботата во саботата во Верона, каде мечот заврши 1:1.

И покрај се, тренерот на тимот кој девет години по ред е шампион на Италија, верува дека не е недостижно 10-тото Скудето во низа.

„Не гледаме кој е пред нас, кој е зад нас. Фокусирани сме само на себе. Нашата цел е иста, да се бориме до самиот крај. Неочекувано изгубивме некои бодови, но гледаме напред. Знам дека момците веруваат дека можат до титулата, тренираат напорно. Поради тоа верувам и јас“– порачува Пирло.

Вечерва на Алијанц стадионот во Торино гостува Специја, која неодамна го победи до тогаш лидерот на табелата, Милан.

„Ќе биде тоа важен меч за нас, мора да продолжиме да се бориме за Скудетото. Потребно е да напаѓаме од почетокот. Мораме да извлечеме поуки од минатите натпревари и да се обидеме да ги избегнеме грешките кои ги правевме“– вели Пирло.

Standings provided by SofaScore LiveScore