Андреа Пирло и официјално ќе ги води играчите на Јуве во тимот до 23 години. Поранешниот плејмејкер призна дека имал и други оцпии но таа од Торино му се видела како најдобра.

„Горд сум што ќе почнам со тренерска работа во овој тим. Не можам да дочекам да почнам со работа. Имав понуди од Серија А и од Премиер лигата но мислам дека Јувентус е најдоброто место каде што можам да ја започнам мојата тренерска кариера.“ – изјави Пирло.

Италијанецот се верува дека ќе ја искористи позицијата на Сари во моментов и во следната сезона ќе атакува на неговата работа во сениорски тим на Јувентус.