Јувентус загуби од Интер со 1-0, Видал и Барела му донесоа победа на клубот од Милано, тренерот на „старата дама“ смета дека неговиот тим одигра лош натпревар.

Андреа Пирло изјави дека Јувентус одиграл очајно и сега мора да се сконцентрира за средбата со Наполи.

„Ова е непријатен пораз, не можевме да играме полошо, мора да продолжиме со дигнати глави и да се подготвиме за дуелот со Наполи во среда. Остануваме со истите амбиции, борбата за титулата е долга, разочаран сум од  однесувањето на играчите, Јувентус е екипа која мора да има одредена самоувереност и амбиции во играта“ – изјави Пирло.