Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло беше задоволен од прикажаното од неговите играчи пред се од она во второто полувреме во победата над Парма од 3:1 во Серија А, но најави дека можно е Роналдо да има поинаква улога во иднина.

„Сами си направивме да ни биде тешко со воведниот гол, штета е затоа што не успеавме да се одбраните од „мртва топка“. Потоа бевме добри, и покажавме самодоверба за да ги освоиме трите бода. За жал таквите работите се случуваат, ќе размислиме во следните неколку дена дали Роналдо во иднина ќе стои во живиот ѕид.“ – изјави Пирло.

Тренерот на Јувентус е огради од улогата на клубот во Суперлигата и одговорноста ја префрли на челниците на клубот, конкретно кон Ањели.