Андреа Пирло не ја криеше радоста по победата над Наполи и призна дека не очекувал топлку многу критики за неговата работа во Јувентус во оваа сезона.

Пирло посочи дека ова е само еден чекор кон долгорочниот план и дека работите ќе се вратат во посакуваниот правец за „Старата Дама“.

„Чуствувам огромна радост, освојувањето на трофеј како тренер е поразлично од тоа како играч. Мислам дека е подобро да освојуваш титули како тренер, затоа што имам можност да предводам одличен тим на историски клуб, прекрасно е. Природно е кога Јувентс добива критики, но резултатите покажуваат каде сме како тим. Мислам дека не заслуживме толку многу критики за тоа што го правиме сезонава, затоа и сум повеќе од среќен за овој трофеј.“ – изјави Пирло.