Андреа Пирло повторно мораше да објаснува што се случува во Јувентус откако неговиот тим без Роналдо во составот одигра само 1:1 против Беневенто во Серија А.

„Работиме на развојот на нашата игра. За жал понекогаш натпреварите се хаотични и збунувачки а вие се обидувате да играте добар фудбал и да го контролирате секој аспект. Некога тоа не ни успева. Мора да научиме да ги читаме моментите на натпреварот, кога тоа ќе го направиме ќе можеме да го котролираме пемпото. Реал Мадрид исто така зависише од Роналдо, неговите голови и офанзивна моќ секогаш се во прв план, но ние мора да научиме да бидеме добри и без него.“ – изјави Пирло.

Следен предизвик за „Старата Дама“ е мечот во  Торино против Динамо Киев во 5 коло од Лигата на шампионите на УЕФА.