Андреа Пирло призна дека Барселона во моментов е многу покомапкрен и подобро подготвен тим во однос на Јувентус.

Предводникот на „Старата Дама“ посочи дека Каталонците се на друго ниво, а исклучувањето на Демирал дополнително ги искомпликувало позициите во обидот за висок пресинг на домаќините.

„Знаевме дека ќе биде тешко против тим кој игра добар фудбал особено на ова ниво. Точно е дека имаме многи фудбалери со интернационално искуство, но имаме и доста млади уграчи кои треба да напредуваат. Се обидовме да креираме нешто повеќе, но мора да работиме и да напредуваме за го стигнеме левелот на игра на Барселона.“ – изјави Пирло.