Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло е задоволен од пласманот во нокаут рундата во Лигата на шампионите, сепак предводникот на „старата дама“ очекува и бара повеќе од играчите.

Пирло смета дека има простор за подобрување на играта на екипата, тоа ќе донесе поинаков ефект, позитивен во секој случај.

„Потребно е да играме подобро, за доброто на тимот, за самодовербата, само така ќе „растеме“, тоа ќе ни донесе подобри резултати“ – изјави Пирло по мечот со Динамо Киев.