Јувентус ремизираше со Верона 1:1 во Серија А и ова беше уште еден резултат кој не оди во прилог на Андреа Пирло кој веќе е на мета на критичарите кои бараат промени во Торино.

Пирло објасни дека во првото полувреме неговите фудбалери не биле доволно агресивни и желни да се борат за топката, но очекува подобра реакција на следниот натпревар од оние кои ќе добијат шанса за настап.

„Не треба секогаш некој да ни мавне шамар за да се разбудиме, мора да се бориме со висок интензитет од самиот старт на натпреварот и да продолжиме во тој ритам. Знаевме дека ќе ни биде потешко во однос на мачот во Киев, Верона игра во висок интензитат. Работевме на тренинг да за справуваме во вакви ситуации.Немавме доволно острина во нападот. “ – изјави Пирло.