Јувентус викендов славаше над Лацио со 3:1, иако Кристијано Роналдо мечот го почна од клупата и влезе во игра дури во 69-тата минута, кога веќе беше поставен конечниот резултатот.

Андреа Пирло по мечот објасни зошто најдобриот играч го оставил на клупа на почетокот на мечот.

„Играше осум или девет натпревари во серија. Уште во текот на неделата се договоривме да се одмори на овој натпревар. Тој е додадена вредност, а момците и без го направија она што требаше“ – објасни Пирло.

Роналдо сезонава постигна 27 гола на 31 настап во сите натпреварувања, од нив 20 во Серија, со што е прв на листата стрелци.