Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло е под притисок на јавноста, играта не е на задоволително ниво, Роналдо игра кога сака, тоа на навивачите не им се допаѓа. ирло ја презеде клупата на Јувентус ова лето откако Маурицио Сари доби отказ и навивачите очекуваа конечно да се подобри играта на „Старата дама“, но тоа сè уште не се случи.

„Кориере дело Спорт“ тврди дека играчите се жалат на тренерот Пирло, тој не комуницирал со нив на потребно ниво.

Навивачите се фрустрирани дека Роналдо игра кога сака, според шпекулациите од Италија, избирал на кој натпревар ќе игра, тоа дополнително ја прави атмосферата лоша во тимот.