Јувентус со двата гола на Алваро Мората го совлада Динамо Киев во воедното коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Напаѓачот на „Старата Дама“ тврди дека сите во клубот посакуваат титула во ова натпреварување на УЕФА.

„Секоја година е шанса да се освои Лигата на шампоните и ние сакаме да одиме до крајот. Сакавме добар и солиден старт на сезоната во групата и играме одлично.“ – вели Мората.

Андреа Пирло по победата посочи дека овој натпревар бил одлична шанса да се пробаат нови „работи“ во однос на системот и стилот на игра.

 „Направивме мала ротација, Гвардадо играше лево а Кулушевски тоа добро го искористи. Сакавме повеќе играчи во нападот затоа и Киеза играше десно. Да не заборавиме дека Роналдо не беше тука а Дибала не е во добра форма па морав да менувам.“ – посочи Пирло.