Јувентус во неделата доживеа дебакл од 0:3 во дербито со Милан и на три кола пред крајот опасно им виси настапот во Лигата на шампионите следната сезона. Тимот кој девет години по ред во освојуваше Скудетото, а на три кола пред крај е на бод зад последната позиција која води во европската елита.

Пирло на пресот пред дуелот со Сасуоло, кажа дека е разочаран од настапот против Милан и следните три натпревари бара крв во очите на своите играчи.

„Распи*дени сме, сега мораме да дадеме се од себе. Што ќе биде со Роналдо? Ќе видиме“– кажа Прило и додаде:

„Не чекаат три многу важни натпревари. Не сакам кај играчите да видам резигнација ниту покиснати лица. Ова ќе биде тест за колективнат гордост. Лути сме, сега мора да дадеме се од себе. На бод до зоната која води во Лигата на шампиоте. Имаме големи шанси да избориме Лига на шампиони. Сакаме само позитива. Во својата кариера сум видел и порази и победи во последните моменти. Изгубив финале во Лигата на шампионите, а на полувремето имав 3:0. Кај играчите сакам да ја видам желбата за извинување, доказ за колективната гордност. Тимот мора да има голем желба, не може да си дозволиме уште еден настап како оној со Милан. Сакам да видам крв во очите кај играчите кога ќе излезат на теренот“– изјави Пирло.