Низ италјанските медиуми Андреа Пирло, наводно, ќе се врати во Јувентус следната сезона, како тренер на екипата до 23. години.

Легендарната фудбалер се повлече од активното играње на фудбал во 2017 година во дресот на Њујорк Сити во МЛС американската лига.

Пирло измиантиот период е во Италија каде ги положи сите тренерски лиценци кои се потребни за водење на некој клуб.

Според „Ла Стампа“, овој договор меѓу Пирло и Јувентус не е официјализиран, но се очекува следната сезона да го води тимот на Јувентус У-23 во Серија Ц.