Јувентус се пласираше во ¼ финалето од Купот на Италија по победата над Џенова од 3:2 по продолженијата во Торино.

Предводникот на „Старата Дама“, Андреа Пирло беше незадоволен од начинот на кој неговите играчи го одиграа натпреварот во целост, особено во второто полувреме.

„Си го искомпликувавме животот. Играме одлично во првото полувреме а потоа дозволивме да ни го одвлечат вниманието, станавме расеани и се беше потешко за нас. Штета што не ја контролиравме добро ситуацијата, Купот на Италија е наша цел и важно беше да победиме. Ни недостигна концентрација од време на време, особено кога водиме, и тоа мора да го подобриме, подобро да ги менаџираме натпреварите.“ – вели Пирло.

Во четвртфиналето од Купот на Италија, Јувентус ќе игра со подобриот од дуелот на Спал и Сасуоло.